Кога ДУИ зборува за ветинг, тоа е исто како да му сврти грб на постојаниот сојузник на Албанците, САД. Оваа партија има тенденција да ги исмејува и Албанците и нивниот постојан пријател. Не помина ниту една недела откако САД ја ставија на црна листа сенката на Али Ахмети, Артан Груби. Бидејќи имаат горлива желба за ветинг, Артан Груби веќе и направи ветинг на ДУИ, велат од ВЛЕН.
„Албанците добро знаат дека зад огнената “патриотска“ реторика се кријат чисти финансиски интереси на кланот политички олигарси кои пред врата им чука моментот кога треба да одговараат! И нашиот постојан сојузник Соединетите Американски Држави ги извести за тоа.
Албанците и САД не ги сметајте за наивни. За Албанците и државата доаѓаат бели денови, додека за злоупотребувачите ќе дојдат црни денови каде сите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Ние како коалиција ВЛЕН веќе извесно време предупредуваме: ДУИ е заробена од криминалната структура, на чело со Али Ахмети и со неговата сенка Артан Груби кој ги извршуваше неговите наредби. Прашањето што го поставивме е јасно: уште колку пораки треба да дадат САД за оваа партија да разбере дека има итна потреба од длабоки програмски и кадровски реформи? ВЛЕН ги почитува Албанците и нашиот стратешки сојузник САД, тврдат од ВЛЕН.
Слични новости
Шукова; За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР
За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг., рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.
Втор ден од посетата на Мицкоски на Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ.
Мицкоски: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
Присутни сме во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите