Постигнавме историски највисока цена на откупен тутун по килограм од 400 денари, објави на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.
Во изминатиот период заедно со Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски имав интензивни средби со тутунарите и откупувачите на тутун.
Од денес откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, со што тутунарите ќе ја добијат вкупната сума кои ја бараа. Дополнително Владата ќе ја зголеми и субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм, што значи дека заедно со откупната цена и субвенциите секој тутунар ќе добие по 500 денари за килограм тутун.
Пресметките говорат дека само оваа година над 140 милиони евра ќе завршат во рацете на тутунарите.
На овој начин директно помагаме на земјоделците кои се р’бетот на нашата земја и кои со мака и труд заработуваат за пристоен живот.
Продолжуваме 100% посветени, пишува Мицкоски во својата објава
Слични новости
Мицкоски: Нашето место е во ЕУ, да бидеме рамноправна и полноправна членка
Присутни сме во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите
Средба Гаши – Ларше: Апел за позасилен француски ангажман, со цел што поскоро отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ
Делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамки на својата работна посета на Париз, денеска оствари средба и со претседателот на Сенатот на Француската Република, Жерар Ларше.
Дисциплински мерки за двајца полициски службеници од ГП „Долно Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава
Министерството за внаррешни работи соопшти во средата дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на државната граница на Артан Груби