ДУИ ја повикува Владата веднаш да престане со користење на антикорупциската пропаганда за партиски цели и создавање димна завеса за прикривање на нејзините неуспеси во европската интеграција и влошувањето на меѓуетничките односи.
Наместо да продолжи со ваков пристап на манипулации и селективна правда, бараме Владата без одложување да почне непристрасен и сеопфатен процес на ветинг за да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години и начинот на кој се спроведени процесите на приватизација.
Ова е единствениот начин за враќање на довербата на граѓаните и за градење стабилен правен поредок.
Во спротивно, ваквиот пристап ќе продолжи да создава политичка поларизација и етнички поделби кои ќе ги поткопаат темелите на нашето општество.
Историјата покажа дека секој обид за користење на антикорупцијата како алатка за политички реваншизам и прикривање на скандалите ќе се врати како бумеранг и ќе ги погоди токму оние кои ја поттикнуваат.
Владата не може да тврди дека гради правичност користејќи неправедни тактики и манипулации кои само ги продлабочуваат поделбите во општеството.
Користењето на емоциите на граѓаните за прикривање на стратешките неуспеси на Владата во двете клучни столбови – европските интеграции и меѓуетничките односи – е опасна стратегија.
Слични новости
Целосна блокада на Скопје ако не земат плата, најавуваат вработените во ЈП „Улици и патишта“
Вработени во Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од протестот утрово пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата
Клиниките подготвени за работа во вонредни услови, итните интервенции ќе се прават непречено
Најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), информираат од клиниките по најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечерва во поголем дел од градо
Македонскиот пасош на 34. место меѓу патните исправи на 133 земји во светот
Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.