Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано доцна ноќта во четвртокот рече дека Киев сè уште не е подготвен да започне преговори со Русија, бидејќи нема оружје, безбедносни гаранции и меѓународниот статус што го бара.
Андриј Јермак ова го изјави за јавната телевизија Суспилна во време кога Зеленски јавно ја разгледува можноста за преговарачко решение за војната со Русија, предизвикана од инвазијата на Москва на соседната земја во февруари 2022 година.
„Немаме оружје, го немаме статусот за кој зборуваме. А тоа значи покана за НАТО и јасни гаранции (…) да се осигураме дека Путин нема да се врати за две или три години. “, рече Јермак, кој одговори негативно на прашањето дали Украина во моментов е подготвена да започне преговори.
Минатата седмица во Париз, Зеленски разговараше за „замрзнување“ на линиите на фронтот со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а меѓу другото, тој предложи распоредување на странски трупи во Украина додека таа земја не влезе во НАТО.
Зеленски рече дека им кажал на двајцата државници дека не верува оти Путин всушност сака да ја заврши војната и дека рускиот претседател ќе мора да биде принуден на тоа.
„Можете да употребите сила само ако Украина е силна. Силна Украина пред каква било дипломатија значи силна (Украина) на бојното поле“, рече Зеленски, имплицирајќи дека на Киев му е потребна дополнителна воена помош.
Официјален Кремљ, пак, во вторникот објави дека војната во Украина ќе продолжи сѐ додека не се исполнат целите поставени од претседателот Владимир Путин преку воена акција или преговори. Путин бара Украина да се откаже од својата амбиција да влезе во НАТО и целосно да се повлече од четирите региони кои Русија ги смета за свои.
Слични новости
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир
Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин
За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски
ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид
Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување