Лион го совлада Ајнтрахт од Франкфурт со 3:2 (1:1) во натпреварот од 6. коло на Лига Европа. Ајнтрахт поведе со голот на Чиаби (19), но Толисо (27) набрзо израмни, а на почетокот на вториот дел Лион дојде до предност од 3:1 преку Фофана (50) и Нуамах (54), а во на самиот крај Мармуш (85) намали на конечни 3:1.

По овој резултат Лион го прескокна Ајнтрахт на табелата, сега е четврти а Ајнтрахт петти, двата тима имаат по 13 бода.

Ајакс беше поразен на домашен терен од Лацио со 1:3 (0:1). Чаун (12) ги доведе гостите во водство, Траоре (47) израмни на отворањето на вториот дел, но Деле-Баширу (52) и Педро (77) обезбедија три бода за римскиот тим со кои се искачи на врвот на табелата.

Лацио сега има 16 бода, како и вториот Атлетик од Билбао, но подобра гол разлика од баскискиот тим. Ајакс падна на 11. место со 10 бодови.

Реал Сосиедад победи против Динамо Киев од 3:0 (3:0). Домашните решија се во првото полувреме со двата гола на Ојарзабал (19, 33) и еден на Бекер (24).

Реал Сосиедад сега е 12-ти со 10 бодови, додека Динамо Киев е на дното без бодови.

globe

Слични новости

Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес

Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес

Во последниот натпревар од колото, кошаркарите на Олимпијакос ја прекинаа серијата од два евролигашки пораза во низа и со далеку подобра игра во вториот дел го скршија отпорот на Виртус од Болоња, славејќи со резултат 87:77 во салата „Мир и пријателство“ во Пиреја