Русија воспостави директни контакти со политичкиот комитет на сириската исламистичка бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), го цитира приватната новинска агенција Интерфакс рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов во четврток.
Интерфакс известува дека Богданов, исто така, им рекол на новинарите дека Москва има намера да ги задржи своите воени бази во Сирија за да ја продолжи „борбата против меѓународниот тероризам“.
Богданов рекол дека контактите со HTS, поранешното сириско крило на Ал Каеда сега најмоќната сила во земјата по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад, „напредуваат на конструктивен начин“.
Русија, рекол дипломатот, се надева дека групата ќе ги исполни своите ветувања „да се чува од сите ексцеси“, да го одржува редот и да ја гарантира безбедноста на дипломатите и другите странци.
Нагласил и дека Русија се надева дека ќе ги задржи своите две бази во Сирија – поморската база во Тартус за сервисирање на руските пловила на Медитеранот, и воздухопловната база Хмејмим во близина на пристанишниот град Латакија – за да продолжи со напорите против меѓународниот тероризам.
„Базите сѐ уште се таму каде што беа, на сириска територија. Во моментов не се донесени други одлуки“, рекол Богданов.
Нагласил дека базите се поставени таму „по барање на Сиријците со цел да се борат против терористите на Исламската држава“ и рече дека се надева оти тие ќе останат „врз основа на идејата дека сите се согласуваат дека борбата против тероризмот и она што е остана од Исламската држава не е завршена“.
Продолжувањето на таа борба, рекол Богданов, „изискува колективни напори и во тој поглед, нашето присуство и базата Хмејмим одиграа важна улога во контекст на севкупната борба против меѓународниот тероризам“.
Слични новости
Најмалку 100 Севернокорејци загинале во борбите во Украина, тврди Сеул
Најмалку 100 Севернокорејци загинаа во декември борејќи се заедно со руските сили во Украина, изјави во четвртокот јужнокорејски пратеник, а слични извештаи доаѓаат од Киев и Вашингтон
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир
Зеленски: Единството на САД и ЕУ е неопходно за мир и запирање на Путин
За праведен мир во Украина и за „запирање“ на рускиот претседател Владимир Путин, потребно е единство на САД и Европската унија, како и во рамките на самата ЕУ, изјави во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски