Треба да се свртиме кон она што е денеска навистина важно. Откако падна режимот на Асад, западниот печат е преполн со лирски поеми за раѓањето на нова Сирија, без ниту еден збор за американските и израелските бомби кои паѓаат од небото врз таа нова Сирија. Или за израелските окупации на нејзината територија.
Кога падна мариоентски режим во Кабул на 15 август 2021, изразив олеснување поради поразот на империјализмот на САД и истовремено ужас, поради тоа што ги очекува жените во Авганистан во рацете на џихадистичките талибанци. Американското либерално-импрејалистичко лоби веднаш ме нападна.
За лакеите на империјализмот, ако не го поддржувате американскиот империјализам, тоа значи дека сте приврзаник на џихадистите. Тој ментален склоп не е во состојба да го види очигледното, дека имавме должност со подеднаква жестина да му се противиме и на американскиот империјализам и на џихадистите. Тие не можеа да видат дека американската империјалистичка инвазија само ги засили џихадистите.
Минатата недела падна режимот на Башар ал Асад и џихадистите го зазедоа Дамаск. И овој пат изразив олеснување дека падна режим на тиранијата. Но, предупредив сека Сиријците доволно страдаа и дека странските сили треба да се држат подалеку од таа земја и западните и незападните.
Сега ме нападнаа противниците на американскиот империјализам-затоа што ја славам победата на џихадистите. За нив, ако не го поддржувате Асад, сигурно сте приврзаник на џихадистите.
Тоа е истата таа логика, ако не сте со нас, сигурно сте против нас. И тие не можеа да видат дека режимот на Асад со својата тиранија, само ги зајакна џихадистите кои на крајот и доведоа до пад на режимот на Асад.
Некои прашуваат зарем не беше подобро во Ирак пред Садам Хусеин да го собори американската војска? Се разбира да. Истото беше и во Либија пред да биде соборен Моамер ел Гадафи. Точно е и дека сега во Сирија постои опасност од уште полоша граѓанска војна. Но, тоа не е причина Садам, Гадафи или Асад да се третираат како „решение“ и противотров на империјализмот. Нивните тирански режими го отуѓија сопствениот народ и на крајот самите се урнаа.
Накусо, антиимперијалистите може да бидат успешни, само ако се придржуваат до некои минимални етички стандарди. Тоа е најсилното оружје, а не калашниковите. Ако се држиме до етичките стандарди може да ги придобиеме масите во светот, кои на крајот ценат принципиелен хуманистички став. Така и полесно ќе ја откриеме двочичноста на западните медиуми кои бесрамно преминаа од правдање на дводецениската окупација на Авганистан за да не дојдат на власт џихадистите, на прослава на влегувањето на исти такви џихадисти во Дамаск.
Да заклучам: нема ништо збунувачко во едновремената осуда и на Садам Хусеин и на злосторничката инвазија на Џорџ Буш врз Ирак. И во едновремената осуда на Слободан Милошевиќ и бомбардирањето на НАТО во Србија. Или истовремена осуда на Талибанците и американската инвазија врз Авганистан. Како и во истовремената осуда и на тиранскиот режим на Асад и на џихадистите што го соборија со помош на САД. Тука не само што нема противречности, туку тоа е единствениот исправен начин за борба против империјализмот.
Треба да се свртиме кон она што е денеска навистина важно. Откако падна режимот на Асад, западниот печат е преполн со лирски поеми за раѓањето на нова Сирија, без ниту еден збор за американските и израелските бомби кои паѓаат од небото врз таа нова Сирија. Или за израелските окупации на нејзината територија.
Забележувате и дека веќе никој не зборува за геноцидот во Газа? Тоа е крупна победа за Нетанјаху, неговите американски покровители и неговите ЕУ навивачи за геноцид.
Значи, другари, да се држиме до минималните етички стандарди во борбата против империјализмот и да продолжиме да зборуваме за Палестина.
Јанис Варуфакис
ДиЕМ 25
Слични новости
Само 12 камиони со храна и вода се испорачани во северниот дел на Газа од октомври
Само 12 камиони дистрибуираа храна и вода во северниот дел на Газа за два ипол месеци, соопшти во неделата хуманитарната организација Oxfam со седиште во Лондон, алармирајќи поради влошувањето на хуманитарната ситуација во опколената област
Јужна Кореја предупредува дека Северот ќе испрати нови војници и беспилотни летала во Русија
Војската на Јужна Кореја во понеделникот соопшти дека „открила знаци“ дека Северна Кореја се подготвува да испрати повеќе војници и оружје, вклучително и самоубиствени дронови, во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина
Трамп e за задржување на TikTok на американскиот пазар „на некое време“
Новоизбраниот претседател на Соединетите држави, Доналд Трамп, во неделата изјави дека се залага TikTok да продолжи да работи во земјата барем некое време, тврдејќи дека добил милијарди прегледи на оваа социјална платформа за време на претседателската кампања