Финансиските придонеси на Швајцарија за Европската унија значително ќе се зголемат според новиот договор за зајакнување на билатералните трговски односи за кој преговараа Брисел и Берн, објави во средата швајцарската телевизија SRF.
Цитирајќи извори, SRF наведува дека Швајцарија најверојатно ќе плаќа околу 350 милиони швајцарски франци годишно за поддршка на економскиот развој во источноевропските земји, од 130 милиони франци според сегашниот аранжман. Оваа сума може да се промени, бидејќи преговорите сѐ уште се во тек. Се очекува договорот да биде постигна до Божик.
Од швајцарското Министерство за надворешни работи не сакале за Reuters да ја коментираат веста. Европската комисија, исто така, не одговорила на барањето за коментар.
Дипломатски извори, пак, за Reuters изјавиле дека швајцарските финансиски придонеси најверојатно ќе се зголемат, но дека преговорите сѐ уште се во тек. Европскиот дипломат рекол дека преговорите напредуваат, но дека сѐ уште не е договорен швајцарскиот финансиски придонес. Неименуваниот дипломат рекол дека се надеваат дека ќе биде можен договор „во наредните денови и седмици“.
Швајцарскиот весник Neue Zuercher Zeitung минатиот месец објави дека Швајцарија може да плаќа дури 450 милиони евра годишно, приближно исто како Норвешка, повикувајќи се на пресметки на CH Media и извори во Берн.
Швајцарија од 2007 година финансира развојни проекти во земјите-членки на ЕУ со цел да се намали економската нееднаквост во Унијата. Швајцарската влада посочува дека ова е доброволно изразување солидарност, а не фиксен дел од договорот со Унијата. Според новиот договор, ЕУ сака овие придонеси за кохезија да станат обврзувачки, објави SRF.
Слични новости
Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија
Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава
Британија мора да разговара со сириските лидери, порача Стармер
Велика Британија мора да разговара со сириските лидери за да се осигура дека „она што следува е подобро“, рече британскиот премиер Кир Стармер по...
Најмалку 100 Севернокорејци загинале во борбите во Украина, тврди Сеул
Најмалку 100 Севернокорејци загинаа во декември борејќи се заедно со руските сили во Украина, изјави во четвртокот јужнокорејски пратеник, а слични извештаи доаѓаат од Киев и Вашингтон