Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, со кого, како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, разговарале за стратешките аспирации на земјава и потребата Европската Унија да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси кои пречесто се оптоварени со билатерални пречки и спорови.
„Ја истакнав заложбата на Македонија за напредок на тој план како и нашите позиции во однос на надминување на пречките со источниот сосед. Македонија заслужува да биде член на европското семејство“, напиша Мицкоски на својот официјален фејсбук профил.
Лајчак денеска учествуваше на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК), што се одржа во Собранието, каде порача дека членството во ЕУ е најдобрата опција, како за Македонија, така и за регионот во овој момент на нов геополитички контекст.
Слични новости
Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид
Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај
Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница
Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, вели Мицкоски
-Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања, не му мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ.