Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од професорите и ректорските колегиуми, како и со поддршка од граѓанското општество. Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите.
Бранот студентски протести во Србија беше поттикнат од насилството врз учесниците на комеморативните собири за 15-те жртвите, кои настрадаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Студентите на универзитетите во Белград и во Нови Сад од 2 декември ги блокираат зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од белградскиот Факултет за драмски уметности беа нападнати за време на комеморативниот собир. На блокадата се придружија и студентите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Според студентски активисти, најмалку 40 факултети во сите четири универзитетски центри – во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш се во постојана блокада.
На протестот на студентите од Правниот факултет и четири технички факултети во Белград денеска се приклучија и адвокати. Адвокатската комора на Србија денеска прогласи прекин на работата.
Адвокатите протестираат поради незаконскиот начин на донесување и усвојувањето на закони без соодветно учество на адвокатурата, и селективното гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, но и селективното гонење на учесниците на протестот бидејќи полицијата апси активисти, а ги игнорира провокаторите кои се обидуваат да ги спречат протестите.
Студентите во Србија добија поддршка и од студентите од повеќе факултети во регионот.
Слични новости
Осум жртви, 18 спасени по превртувањето на чамец со мигранти близу грчки Родос
Безживотните тела на осум лица биле извлечени од морскиот дел во близина на грчкиот остров Родос, откако глисер со бегалци и мигранти се превртел во обид криумчарот да побегне од патролен брод
Претепан српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас
Лидерот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас и членот на партијаta, Ѓорѓе Алексиќ синоќа се повредени во тепачка што избила откако затекнале лица кои лепат плакати против Ѓилас, соопшти ССП.
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија
Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател