Брзото соборување од власт на претседателот Башар ал-Асад ги остави Сиријците, земјите во регионот и светските сили во вторникот нервозни за она што следува, додека бунтовничката исламистичка коалиција ги прави првите чекори во транзицијата на власта.
Советот за безбедност на Обединетите нации се состана зад затворени врати во понеделникот вечерта, а дипломатите рекоа дека сѐ уште се во шок од тоа колку брзо се случи соборувањето на Асад во текот на 12 дена, по 13-годишната граѓанска војна која со години беше во ќор-сокак.
„Сите се изненадени, сите, вклучително и членовите на советот. Затоа треба да почекаме и да видиме…и да процениме како ќе се развива ситуацијата“, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија за новинарите по состанокот на телото изразувајќи задоволство од текот на разговорите.
Русија одигра голема улога во поддршката на владата на Асад и помагањето во борбата против бунтовниците. Сирискиот лидер пребега од Дамаск во Русија во неделата, како што објави Москва поднесувајќи оставка и договарајќи мирно предавање на власта, така ставајќи крај на повеќе од 50-годишното брутално владеење на неговото семејство.
Со оглед на тоа што Дамаск сè уште е во славенички расположение, премиерот на Асад, Мохамед Џалали во понеделникот се согласи да ја предаде власта на таканаречената Влада на спасот предводена од исламистичките бунтовницие, администрација со седиште на територијата под контрола на бунтовниците во северозападна Сирија.
Врвниот командант на бунтовниците Ахмед ал-Шар, попознат како Абу Мохамед ал-Џолани, се состана со Џалали и потпретседателот Фајсал Мекдад за да разговараат за преодната влада, изјави за Reuters извор запознаен со разговорите.
Џалали рече дека предавањето може да трае со денови.
Телевизијата Al Jazeera објави дека на чело на преодната влада ќе биде Мохамед ал-Башир, лидерот на Владата на спасот.
Напредокот на сојузот на бунтовничките милици предводен од Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), поранешен огранок на Ал Каеда, е голема пресвртница за Блискиот исток. Во граѓанската војна што започна во 2011 година, беа убиени стотици илјади луѓе, беше активирана една од најголемите бегалски кризи на модерното време, градовите беа бомбардирани и во урнатини, селата беа празни, а економијата беше уништена од глобалните санкции.
Но, бунтовничката алијанса не ги соопшти плановите за иднината на Сирија и нема план за таква транзиција во регионот.
Во алармантен развој, Израел ја окупираше тампон зоната на југот на земјата, што беше осудено од Египет, Катар и Саудиска Арабија. Саудиска Арабија рече дека овој потег „ќе ги уништи шансите на Сирија за повторно воспоставување безбедност“.
Регионални безбедносни извори и офицери во сега расформраната сириска армија рекоа дека силните израелски воздушни напади продолжиле врз воени постројки и воздушни бази низ Сирија во текот на ноќта, уништувајќи десетици хеликоптери и борбени авиони, како и средства на Републиканската гарда во и околу Дамаск.По околу 200 израелски воздушни напади, не остана ништо од средствата на сириската армија, велат тие.
Израел соопшти дека неговите воздушни напади ќе траат со денови, но му порача на Советот за безбедност на ОН да не интервенира во сирискиот конфликт. Вели дека презел „ограничени и привремени мерки“ исклучиво за да ја заштити својата безбедност.
Слобода, еднаквост, владеење на правото
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 1 отсто во понеделникот, делумно поради загриженоста дека нестабилноста во Сирија, која не е главен производител на нафта, може да ги зголеми регионалните тензии, велат аналитичарите.
„Ова е неверојатен момент за сирискиот народ“, изјави заменик американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд во Њујорк. „Сега навистина сме фокусирани на обидот да видиме како ќе се одвива ситуацијата. Дали може да има влада во Сирија која ги почитува правата и достоинството на сирискиот народ?“, додаде.
САД бараат начини да соработуваат со сириските бунтовнички групи и контактираат со партнерите во регионот како Турција чии сили на теренот им дадоа поддршка на бунтовниците во борбите проти војската на владата на Асад за да започнат неформална дипломатија, рече Вашингтон.
Катарските дипломати разговараа со HTS во понеделникот, изјави за Reuters официјален претставник запознаен со развојот н ситуацијата, додека регионалните држави се тркаат за отворање контакт со групата.
Имаше привремени знаци на враќање на редот. Сириските банки повторно се отвораат, а Министерството за нафта ги повика сите вработени во секторот да се вратат на работа во вторник, додавајќи дека ќе се обезбеди заштита.
Новинарите на Reuters видeле четири минибуси како пристигнуваат во сириската централна банка, каде што вработените се симнале и влегле во зградата за нивниот прв работен ден по падот на Асад.
„Ова е нова смена, нов ден, нова година, нов живот“, рекол Сумајра ал-Мукли.
Џолани, и самиот учесник во џихадистичките брутални егзекуции јавни обезгалвувања, вети дека ќе ја обнови Сирија, а сунтиската HTS со години се обидуваше да го ублажи својот имиџ за да ги смири странските земји и малцинските групи во Сирија. Но, стравот од одмазда останува. HTS уверува дека нема да се двоуми да бара одговорност од безбедносните и воените офицери вклучени во наводни мачење на сирискиот народ, опишувајќи ги како криминалци и убијци.
„Ќе објавиме список кој ги вклучува имињата на највисоките функционери вклучени во тортурата на сирискиот народ. Ќе им бидат понудени награди на оние кои даваат информации за високи воени и безбедносни функционери вклучени во воени злосторства“, во соопштение порача Џолани по кого има во распишана амариканска награда од десетина милиони долари.
Многу земји и ОН ја прогласија HTS за терористичка џихадистичка организација и не е јасно како таа ќе владеет.
„Сиријците со нетрпение очекуваат да се воспостави држава на слобода, еднаквост, владеење на правото, демократија и ќе ги здружиме напорите за обнова на нашата земја, за обнова на уништеното и обнова на иднината, подобра иднина на Сирија“, рече сирискиот амбасадор во ОН, во Кусај Алдахак за новинарите.
Слични новости
ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид
Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување
Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во средата вечерта разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и други европски челници, со цел да добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев и да разговара за долгорочните безбедносни гаранции
Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“