Уапсен е мажот осомничен за убиство на извршниот директор на „UnitedHealth“, Брајан Томпсон, пред хотел во центарот на њујоршки Менхетен минатата седмица, соопштија во понеделникот властите во Њујорк.
Осомничениот, идентификуван како 26-годишниот Луиџи Манџионе, бил уапсен во Алтуна, во сојузната држава Пенсилванија, откако бил забележан во рењсторан на синџирот за брза храна „McDonald’s“ и пријавен од некој кому му заличил на фоторграфиите од напаѓачот што ги објавија њујоршката полиција, изјавија официјални лица на прес-конференција.

Кај Манџионе е пронајдено огнено оружје и пригушувач во согласност со оружјето со кое е стрелано во Томпсон, како и облека и маска слична на онаа што ја носел убиецот, рече Џесика Тиш од Њујоршката полиција.
Тој имал повеќе лажни идентификации, вклучително и лажна лична карта од Њу Џерси која одговарала на онаа што напаѓачот ја користел за да се пријави во хостел на Менхетен неколку дена пред пукањето.
Полицијата пронашла и рачно напишан документ што зборува за „неговата мотивација и начин на размислување“, рече Тиш.
Манџионе бил уапсен од локалната полиција под обвинение за поседување огнено оружје, а детективите од Њујорк се на пат кон Пенсилванија за да го испитаат, додаде таа.
Педесетгодишниот Томпсон минатата среда беше застрелан застрелан од зад грб околу 6,45 часот по локално време во средата наутро, во како што полицијата го нарече напад со предумисла од маскиран вооружен маж. Убиството се случи непосредно пред годишната конференција за инвеститори на компанијата која се одржуваше во хотелот „Hilton“ на познатата њујоршка Шеста авенија.
Осомничениот побегнал од местото на настанот, а потоа со својот велосипед влетал во Централ парк. Надзорните камери го фатиле како го напушта паркот и со такси се упатува до меѓуградски автобуски терминал во северниот дел на Менхетен, каде што полицијата верува дека побегнал од градот со автобус.
Томпсон беше извршен директор на одделот за осигурување на „UnitedHealth“ од април 2021 година, дел од неговата 20-годишна кариера во компанијата. „UnitedHealthcare“ е американската подружница за здравствено осигурување на меѓународната осигурителна компанија „UnitedHealth Group“. „UnitedHealth“ е најголемиот здравствен осигурител во САД и опслужува десетици милиони Американци.

Слични новости
Премиерот на Гренланд порача дека САД нема да го преземат островот
Соединетите држави нема да го преземат Гренланд, објави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен во објава на Faceebok како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп се закани со „бомбардирање“ на Иран доколку не се постигне нуклеарен договор
Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата му се закани на Иран со бомбардирање и секундарни царини доколку Техеран не постигне договор со Вашингтон за неговата нуклеарна програма
Трамп најави секундарни царини за руската нафта доколку не дојде до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека ќе воведе секундарни царини во износ од 25 до 50 отсто на целата руска нафта доколку почувствува дека Москва ги кочи неговите напори за завршување на војната во Украина