Кинескиот пазарен регулатор отвори истрага за тоа дали американскиот производител на чипови „Nvidia“ ги прекршил правилата за конкуренција, по проверките во Европската унија, според извори на Reuters.

Американската компанија доминираше на кинескиот пазар за чипови со вештачка интелигенција, со пазарен удел од повеќе од 90 проценти. Минатата година американските ограничувања ги намалија нејсините приходи, а кинескиот технолошки гигант „Huawei“ одлучи да ја искористи можноста да им понуди на своите клиенти чипови од домашно производство.

Во понеделникот, кинеската државна управа за регулирање на пазарот (SAMR) соопшти дека отворила истрага за потенцијални регулаторни прекршувања од страна на „Nvidia“, но не ја прецизираше практиката за која станува збор. Тие додадоа само дека „Nvidia“ можеби не го исполнила своето преземање на израелската фирма за инженерство на чипови „Mellanox Technologies“ според условите на регулаторното одобрение од 2020 година.

Од „Nvidia“ не одговорле веднаш на барањето на Reuters за коментар за кинеската истрага.

Американската компанија ја купи „Mellanox Technologies“ во 2019 година, за 6,9 милијарди долари, а многумина тогаш стравуваа дека Пекинг ќе ја блокира поради тензиите во односите со Вашингтон. Кина сепак даде зелено светло, со задоцнување, но со услови, не само на „Nvidia“ туку и на компанијата што ја основа со кинески партнер.

Кинескиот регулатор ѝ забрани на „Nvidia“, меѓу другото, да „пакува“ производи, практика која, според извори, го привлече вниманието и на Европската комисија.

Брисел испрати прашалници до „Nvidia“ и нејзините клиенти и конкуренти пред околу 10 дена за да ги провери можните комерцијални и технички врски на единицата за графичка обработка (GPU) на „Nvidia“ со други производи, велат изворите. Брисел се обидува да утврди дали „Nvidia“ бара од клиентите во своите договори да купуваат и мрежна опрема со графички процесор, додаваат тие.

„Nvidia“ има речиси монополска позиција на пазарот во ЕУ, со удел од 84 проценти и е далеку пред конкурентите „Intel“ и AMD.

globe

Слични новости

Нафтата поевтини на 72 долари

Нафтата поевтини на 72 долари

Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта