Слабата германска економија се одразува и во намалената побарувачка за работници, особено во индустријата, покажа истражувањето на државната развојна банка KfW и институтот ifo објавено во понеделникот.
Нешто помалку од една третина од анкетираните компании на почетокот на четвртиот квартал посочија дека нивниот бизнис е загрозен од недостиг на квалификувана работна сила, откриваат KfW и ifo.
На почетокот на вториот квартал нивното учество беше 35 отсто, а во октомври лани 45,7 отсто.
Проблемот со недостигот од квалификувана работна сила беше ублажен оваа есен, но не благодарение на подобрената понуда, туку на олабавување на вработеноста во услови на стагнација на германската економија, се вели во заклучокот од истражувањето.
Најмногу ослабела побарувачката на работници во индустријата, која бележи пад на приходите и помалку нарачки.
Услужните компании, од друга страна, продолжуваат да се борат да најдат квалификувани работници, особено во секторот за ревизија и транспортни услуги, покажа истражувањето.
Недостигот од квалификувани работници сè уште кочи значителен број компании, забележува експертот за пазарот на трудот на KfW, Мартин Мулер, и според него, проблемот повторно ќе се интензивира во наредните години, бидејќи економијата ќе закрепне и ќе се пензионира генерацијата на бејби бумер.
Германија ќе мора да вложи максимални напори за да го спречи овој тренд, нагласи Мулер.
Слични новости
Американскиот Сенат го усвои законот за привремено финансирање на владата
Сенатот на Соединетите Американски Држави го усвои законот за привремено финансисрање на федералните агенции, со што е избегнато гаснењето на владата
Нафтата поевтини на 72 долари
Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта
Европските берзи во пад, Трамп се заканува со царини
Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија