Повеќе од 150 полицајци се повредени за време на протестите на опозицијата во текот на ноќта, соопшти грузиското министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека откако се почнати протестите на 28 ноември се приведени повеќе од 400 луѓе.
Демонстрантите во текот на ноќта фрлаа предмети и пиротехнички средства врз полицијата и зградата на парламентот, но таа не влезе во конфликт и во растурање на толпата демонстранти, пренесе руската агенција Интерфакс.
Порталот Грузија денес пренесува дека групи маскирани полицајци апсат демонстранти по споредните улици, но не и на авенијата Руставели каде што и натаму се наоѓа најголемиот број од демонстрантите.
Порталот тврди дека полицијата напаѓа демонстранти и новинари, дека ги одвлекуваат зад полициските кордони и дека таму ги претепуваат.
Елката која ја поставија властите на авенијата Руставели демонстрантите ја „накитија“ со знамиња на Грузија, Украина, ЕУ и САД, како и со пароли и фотографии од повредени во судирите со полицијата за време на досегашните протести.
Серијата опозициски протести почна во Грузија на 28 ноември, бидејќи премиерот на земјата Иракли Кобахидзе објави дека го суспендира разгледувањето на почетокот на преговорите со ЕУ до 2028, откако Европскиот парламент не ги призна резултатите на изборите во Грузија.
Слични новости
Америка ја укина наградата за апсење на водачот на сириските бунтовници
САД ја укинаа наградата од 10 милиони долари за апсење на сирискиот лидер на бунтовниците Ахмед ал Шара, по состанокот на високи дипломати и претставници на бунтовничката група Хајат Тахир ал-Шам.
Билд: Расте бројот на мртвите, четворица загинати во нападот врз Божиќниот панаѓур во Магдебург
Бројот на настраданите во нападот врз Божикќниот панаѓур во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а над 200 лица се повредени, пренесе весникот Билд, повикувајќи се на извори во германската полиција.
Јеменските Хути го гаѓаа Тел Авив со балистистичка ракета 16 луѓе ранети
Израелската војска соопшти дека не успеа утринава да пресретне балистичка ракета испукана од Јемен која падна врз Тел Авив. Здравствените власти соопштија дека од експлозијата на ракетата се повредени 16 лица.