Во центарот на елитната атинска приморска општина Глифада, недалеку од плоштадот Караискаки дојде до пререлка во која двајца луѓе се убиени, а еден е ранет. Полицијата за сега има уапсено две лица од турска националност, но постојат сомнежи дека во претсрелката имало повеќе учесници.
Криминалната престрелка се случила на пункт на кој се уплатуваат игри на среќа.
Според првичните сознанија на полицијата, не станува збор за разбојнички напад, туку за меѓусебна пресметка. На местото на претсрелката се распоредени јаки полициски сили, а пронајдени се 20 чаури.
Слични новости
Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, во петокот побара од судот максимална казна за родителите на момчето кое во мај 2023 година со пиштолот на неговиот татко во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и чувар а рани уште пет ученици и наставничката.
Србија: Во екот на студентските протести, владата порано објави училишен распуст
Владата на Србија во петокот го усвои предлогот на Министерството за образование, одморот за основните и средните училишта низ земјата да започне порано од досега веќе на 24 декември, среде студентските протести, кои започнаа под објасннувањето поради несреќата на станицата во Нови Сад, на кои сѐ повеќе почнаа да се приклучуваат и средношколците
Едно дете почина а уште пет лица се ранети во напад со нож во основно училиште во Загреб
Хрватсата министерка за здравство Ирена Хрстиќ во петокот напладне изјави дека е згрозена од нападот во основното училиште „Пречко“ во кој, како што наведе, загина седумгодишно дете, а пет лица се повредени, од кои три биле деца и двајца возрасни