Џон Браун успешно ги мина лекарските прегледи во Белград и официјално го стави својот потпис на договорот со Црвена ѕвезда.
„Црвено-белите“ долго беа во потрагата по нов висок кошаркар по повредата на Боломбој, а откако не успеаја да го комплетираат трансферот на Мотли фокусот беше насочен токму кон Браун.
Поранечниот кошаркар на Монако е слободен играч по истекот на договорот со „кнезовите“ , станува збор за квалитетен и искусен кошаркар, но сомнеж беше фрлен поради неговата физичка состојба по тешката повреда на рамото заработена ланската сезона во четвртфиналето од Евролигата против Фенербахче.
Браун ќе почне да тренира со остатокот од тимот, а не се исклучува можноста тој да дебитира за Црвена ѕвезда веќе в петок, на дуелот од Евролигата со Олимпијакос на кој „црвено-белите“ нема да можат да сметаат на Филип Петрушев, поради клаузула во договорот за позајмица токму од атинските „црвено-бели“.
Слични новости
Куп на Италија: Интер последен четвртфиналист
Фудбалерите на Интер рутински се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, иако одиграа без неколку главни ѕвезди, совладувајќи го Удинезе со 2:0 на домашен терен
Лига куп: Тотенхем преку Манчестер Јунајтед до полуфиналето
Последните полуфиналисти на англискиот Лига куп се фудбалерите на Тотенхем кои пред своите гледачи го совладаа Манчестер Јунајтед со 4:3.
Евролига: Високи победи на Реал и Панатинаикос
Кошаркарите на Реал Мадрид во првиот натпревар од 17. коло од Евролигата забележаа убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го до ова коло водечкиот Монако со 94:72