Украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на ажурирани податоци за украинските жртви во речиси тригодишната војна со Русија, во неделата рече дека бројот на загинати украински војници се искачи на 43.000, 12.000 повеќе од 31.000 што тој ги пријави во февруари.
Воените аналитичари велат дека вистинската бројка е веројатно многу поголема, но од тактички причини завојуваните страни честопати не сакаат да дадат точни бројки за бројот на загинати војници.
Зеленски објави и податоци за 370.000 ранети на платформата Telegram, додавајќи дека околу половина од нив се вратиле на бојното поле.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп претходно на социјалната мрежа Truth Social објави дека Украина до денес „изгубила“ 400.000 војници. Објави и информација според која во конфликтот загинале или ранети 600.000 припадници на руската армија.
Кремљ ги нарече лажни тврдењата на Трамп, но како и обично не презентираше свои информации. Некои западни медиуми неодамна направија истражување и ги открија имињата на повеќе од 75.000 наводно загинати руски војници, но тие податоци е невозможно да се проверат од офиијални извори.
Слични новости
Си одбележува 25 години од враќањето на кинеската јурисдикција над Макао
Си го поздрави „глобално признатиот успех“ на Макао во спроведувањето на моделот „една земја, два система“ и додаде дека градот има ветувачка иднина
Дипломатска мисија на САД во Сирија на средба со новaта власт
Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година
Кошта: Мора да ја зајакнеме Украина за сите можни сценарија
Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија