Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека сирискиот претседател Башар ал- Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта. Во соопштението, Министерството не наведува каде се наоѓа сега Асад.

Министерството истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување. Се наведува дека руските воени бази во Сирија, воздухопловната во Хмеимим и поморската во Тартус, се ставени во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив.

Според соопштението, Москва е во контакт со сите сириски опозициски групи и ги повика сите страни да се воздржат од насилство.

„Сиријците сега ќе треба самите да се справат со граѓанската војна“, изјави претходно во неделата Константин Косачев, заменик-претседател на Горниот дом на рускиот парламент во првата реакција од Москва за падот на сирискиот претстедател Башар ал-Асад, кого Москва со години го поддржуваше и спасуваше од бунтовниците.

Косачев ја даде изјавата во неделата утрот, откако сириските бунтовници објавија дека го собориле Асад. Русија, продолжувајќи ја традицијата на Советскиот сојуз, со години беше сојузник на Асад и интервенираше во 2015 година за да го поддржи за време на сириската граѓанска војна против сунитските бунтовници и особено џихадистичките фракции кои во 2011 година завладеаја големи територии од Ирак и Сирија.

Според достапните информации, Асад ја напуштил земјата. Reuters јавува дека во моментот кога бунтовниците го заземале главниот град, од аеродромот полетал патнички авион чиј транспондер престанал да пренесува сигнал веднаш по полетувањето. Не се знае кој бил во авионот, ниту што се случило со него.

Претходно локални медиуми соопштија дека Асад се качил во авион „Иљушин 76“ на „Syrian Air“ со број на лет 9218.

Информативниот портал Wala наведува дека, според неименуван израелски функционер, Асад синоќа полетал од Дамаск до руската воздухопловна база Хмеимим, со намера оттаму да продолжи кон Москва. Овој израелски функционер се повика на наводните сознанија од американски официјални лица дека Асад го напуштил Дамаск со намера „да побегне во Русија“.

globe

Слични новости

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

Пентагон во четвртокот соопшти дека има 2.000 американски војници во Сирија, што е двојно повеќе од 900-те претходно потврдени, и појасни дека дополнителните трупи се „привремени сили“ и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава