Трамповиот милијардерски „дрим тим“ го предводи Илон Маск најбогатиот човек на свет, чиј имот е проценет на 336 милијарди долари. Првиот човек на „Тесла“ „Спејс Икс“ и платформата „Икс“ кој ќе го води новото одделение за владина ефикасност заедно со бизнисменот Вивек Рамасвами.

Нивната цел е административниот апарат да го направат помал и поефикасен, со тоа што ќе укинат голем дел од сојузните прописи, агенции, а со тоа и непотребна потрошувачка.

И Рамасвами е милијардер кој ја привлече јавноста како кандидат на американските републикански предизбори, а богатството го заработи со неговата биотехничка компанија „Роивант сајенс“ што ја осниваше во 2014. Тој има престижни дипломи од универзитетите „Харвард“ и „Јеил“.

Џаред Ајзакмен е првиот цивил кој отпатува во вселената, а е именуван за шеф на вселенската агенција НАСА и тој е деветти милијардер што ќе добие позиција во администрацијата на новоизбраниот американски претседател.

Ајзакмен, кој богатството од три милијарди долари, според провенките на Форбс, го стекна преку работа со неговата компанија за електронско плаќање, ќе го замени на функцијата директорот на НАСА Бил Нелсон, поранешен демократски сенатор од Флорида, наименуван од Џо Бајден.

Ајзекмен на платформата Икс порача дека „имал среќа да ја види нашата планета од вселената и пасионирано гледа на водечката улога на САД во најневеројатната авантура на освојување на вселаната“.

Трамп најави и дека го именува Ворен Стивенс за свој амбасадор во Обединетото Кралевство. Неговото богатсво се проценува на 3,4 милијарди долари. Стивенс кој беше еден од главните донатори на кампањата на Трамп е на чело на инвестициската банка „Стивенс инк“ со седиште во Арканзас, која ја има оснивано неговиот вујко пред еден век.

Доналд Трамп минатиот викенд го именуваше Чарлс Кушнер за нов амбасадор во Франција. Тој е татко на Џаред Кушнер кој е зет на Трамп и е поранешен магнат во областа на недвижностите. Чарлс Кушнер беше осуден за даночно затајување, а Трамп го помилува во 2020. Според најновите проценки на Форбс, „Компанијата Кушнер“ има пазарна вредност од речиси 3 милијарди долари.

Кандидатката за министерка за образование Линда Мекмехон располага со богатсво од три милијарди долари. Таа раководеше со институтот Америка на првото место, што собра милионски донации за кампањата на Трамп. Членовите на Конгресот замераат што Мекмехон нема искуство во образованието.

Трамповиот министер за трговија Хауард Лутник „тежи“ 1,5 милијарди долари. Тој е голем приврзаник на воведување високи царини, што е клучна компонента на политиката на Трамп. Лутник е генерален директор на компанијата за финаниски услуги „Кантор Фицџералд“.

Копретседателот на инаугуративниот комитет на Трамп, инвеститорот во недвижности Стив Виткоф е именуван за пратеник за Блискиот исток. Имотот на овој долгогодишен пријател на Трамп се проценува на една милијарда долари. Во сопственост има голем број недвожности, вклучувајќи го и зданието „Вулворт“ на Менхетн.

Кандидатот за министер за финансиии Скот Бесент, формално не е на листата на Форбс на милијардери, иако се смета дека е милијардер. Тој е поранешен менаџер на Џорџ Сорос, вљубеник во криптовалутите и оснивач на инвестициксиот фонд „Ки сквер капитал менаџмент“. Според пишувањето на Блумберг, од него се очекува да внесе поголема стабилност во американската економија и финансиските пазари.

Слични новости

Бесмислено враќање на воените стратегии од 1950-тите

Бесмислено враќање на воените стратегии од 1950-тите

Се проценува дека во нападите на Хирошима и Нагасаки се убиени 38.000 деца. Сведоштвата на преживеаните покажува дека идејата дека нуклеарна војна може да се води и да се добие на бојно поле е бесмислица, која само ги зголемува шансите за нуклеарна војна.

Германија пред вонредни парламентарни избори

Германија пред вонредни парламентарни избори

Одлуката на Шолц да организира гласање кое очекуваше дека ќе го загуби за да ја распушти сопствената влада, германскиот таблоид Билд го опиша како потег на „камиказа“, но тоа е единствениот начин на кој германската влада може да го распушти парламентот и да предизвика предвремени избори.