Македоската Влада денеска соопшти дека економијата е нејзиниот приоритет и оти буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните. Се обврзува, како што информира владината прес-служба, на економска трансформација и ветува раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој.

За таа цел, дополнуваат, во буџетот за 2025 година предвидуваме средства за зголемување на пензиите.

Од Владата наведуваат и дека во буџетот за 2025 година е предвиден и растот на платите за вработените во образованието и просветните работници, како и растот на платите во здравството, здравствените работници и медицинските лица.

Посочуваат дека посветено и одговорно работат за стопанството и оти веќе обезбедиле 250 милиони евра, како што наведуваат, за инвестициски бум во општините за изградба на училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

 

Слични новости

Изет Меџити: Артан Груби е во Албанија

Изет Меџити: Артан Груби е во Албанија

Вицепремиерот Изет Меџити во изјава за албанската телевизија Ора Њуз рече дека поранешниот владин функционер Артан Груби повеќе не е на Косово и се наоѓа во Албанија, пренесе МИА. „Со самото бегство тој ја докажува вината. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направи порача Меџити.

Поголем дел до Скопје денеска без вода

Поголем дел до Скопје денеска без вода

Поголем дел од Скопје денеска се соочува со прекин во водоснабдувањето поради сложениот оперативен план за санација на главниот водовод. Според информациите од „Водовод и канализација“, санацијата ќе заврши најдоцна за 15 часа.