Претседателите на Естонија, Летонија и Литванија го поддржаа полскиот предлог за заеднички надзор на Балтичкото Море од страна на морнариците на западните земји кои имаат балтички брег.
„Заедничките патроли ќе покажат дека дејствуваме, дека сериозно ја сфаќаме нашата одговорност и дека можеме да ја одбраниме нашата клучна инфраструктура“, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа по разговорите со естонскиот претседател Алар Карис и летонскиот колега Едгарс Ринкевичс во литванскиот крајбрежен град Клаипеда.
Ринкевичс, исто така, рече дека ја поздравува идејата за набљудувачка мисија, имајќи предвид дека Балтичкото Море сѐ повеќе станува „место на загриженост“.
Но, во исто време го истакна високото ниво на неопходна координација и сложеноста на задачата.
„Не можеме да бидеме 100 проценти сигурни дека можеме да спречиме такви работи. Но, мораме да инвестираме што е можно повеќе во заштитата на нашата инфраструктура“, рече Карис.
Иницијативата доаѓа откако во ноември во Балтичкото Море беа оштетени два кабла со оптички влакна. Тоа е кабел меѓу Шведска и Литванија и еден меѓу Финска и Германија. Причината и во двата случаи останува непозната, а шведските власти истражуваат можна саботажа.
Науседа рече дека постои „прилично голема можност“ дека се работи за злонамерна активност. Засега, сепак, нема докази дека штетата е намерно направена.
Слични новости
Си одбележува 25 години од враќањето на кинеската јурисдикција над Макао
Си го поздрави „глобално признатиот успех“ на Макао во спроведувањето на моделот „една земја, два система“ и додаде дека градот има ветувачка иднина
Дипломатска мисија на САД во Сирија на средба со новaта власт
Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година
Кошта: Мора да ја зајакнеме Украина за сите можни сценарија
Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија