Германскиот канцелар Олаф Шолц е уверен дека ќе може да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, рече Шолц во интервју за медиумската групација Funke.
„Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот водечки принцип останува дека ништо не може да се реши без да се даде глас на украинскиот народ“, рече Шолц во интервјуто.
Додаде дека имал „детален“ телефонски разговор со идниот американски претседател, а неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп.
Украина се „обликува“ како главното прашање во кампањата за предвремените избори во Германија во февруари, кои уследија по колапсот на трипартиската владејачка коалиција на Шолц во Берлин минатиот месец.
Фридрих Мерц, конзервативниот опозициски лидер за кој се верува дека е „на пат“ да го собори Шолц, рече дека Германија треба да испрати крстосувачки ракети „Taurus“, на што Шолц се противи бидејќи поради карактерот на ова вооруживање тоа претпоставува непосредно манипулирање на германски офицери со него а тоа може да го ескалира судирот и ја вклучува земјата директно во војната со Русија.
Шолц најави нова воена помош за Украина во понеделникот за време на ретката посета на Киев, велејќи дека тоа е исто така порака до рускиот претседател Владимир Путин дека Берлин ќе стои покрај Киев во војната „сѐ додека е потребно“.
Слични новости
Си одбележува 25 години од враќањето на кинеската јурисдикција над Макао
Си го поздрави „глобално признатиот успех“ на Макао во спроведувањето на моделот „една земја, два система“ и додаде дека градот има ветувачка иднина
Дипломатска мисија на САД во Сирија на средба со новaта власт
Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година
Кошта: Мора да ја зајакнеме Украина за сите можни сценарија
Сега не е време да се шпекулира за различни сценарија, туку да се зајакне Украина за сите сценарија, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на самитот на Европската унија