Аталанта ја постигна деветтата последователна победа во италијанската Серија А совладувајќи го тимот на Милан со 2:1 (1:1) пред своите гледачи во Бергамо и со тоа привремено се искачи на врвот на првенствената табела.
Шарл Де Кетелаере ја доведе Аталанта во водство во 12. минута. Алваро Мората израмни во 22. минута, а Адемола Лукман ја донесе победата на домашните во 87. минута.
Во првиот натпревар од 15. коло на Серија А одигран во петокот, Интер на својот „Сан Сиро“ ја победи Парма со 3:1. Федерико Димарко (40), Николо Барела (56) и Маркус Турам (67) беа стрелци за актуелниот италијански шампион, а гостите погодија во 81. минута со автоголот на Матео Дармијан.
Аталанта изби на првото место со 34 бода, со два бода повеќе од Наполи, кој има натпревар помалку. Интер е трет со 31 бод, а актуелниот шампион има и натпревар помалку од Аталанта. Се работи за прекинат натпревар против Фиорентина, кој ќе се повтори.
Милан е само на седмото место со 22 бода и веќе е далеку од екипите кои се борат за титулата.
Слични новости
Далас без Дончиќ и Ирвинг преслаб за Клиперс, Јокиќ и Мареј не го спречија поразот на Денвер
Лос Анџелес, играјќи го првиот од двата последователни натпревари во Далас, на крајот од третата четвртина се одлепи со серија од 22:6 и до крајот не ја испушти таа предност
Конференциска лига: Осум клуба минаа директно, 16 во разигрувањето
Заврши лигашкиот дел од натпреварувањето во фудбалската конференциска лига, а по шестото коло познати се осумте клубови кои директно ќе одат во нокаут-фазата, како и клубовите кои ќе одиграат дополнителни натпревари
Куп на Италија: Интер последен четвртфиналист
Фудбалерите на Интер рутински се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, иако одиграа без неколку главни ѕвезди, совладувајќи го Удинезе со 2:0 на домашен терен