Ниските температури ги подигнаа цените на гасот на највисоко ниво во период од нешто повеќе од една година, а Централна Европа исто така страда од германската такса за складирање.

Приближувањето на зимата и ниските температури на крајот на ноември ги подигнаа цените на гасот на референтната холандска берза TTF на највисоко ниво од октомври минатата година, од 48,65 евра за мегават час. Тоа значи дека од почетокот на есента скокнале за цели 30 отсто. Најниска цена годинава платиле купувачите на терминските (фјучерс) договори на TTF на 23 февруари, и тоа само 28,8 евра за мегават час.

Покрај зголемената побарувачка во постуденото време од годината, скокот на цените беше поттикнат и од стравувањата дека Централна Европа ќе ги загуби преостанатите резерви на руски гас што пристигнува преку гасоводот Дружба или ќе добие значително помалку од него, со оглед на истекот на договорот за транзит низ Украина.

Во такви услови потешко се склучуваат зделки на пазарот на гас, заработката е помала, а некои клиенти почнале да бараат руски гас, истакнуваат трговците.

Таксата поскапува

Австриската ОМV на почетокот на ноември одлучи да го одземе од финансиските обврски надоместокот што ѝ беше досуден во арбитражниот спор во Виена против руски „Газпром“ поради нередовни испораки во септември 2022 година. Руската компанија, којашто образложи дека станува збор за прекини не по нејзина вина туку поради западните санкции и редовните ремонти на мрежата, одговори со целосно запирање на испораките.

Рускиот гас сè уште пристигнува во Австрија, но ОМV сега го купува на берзата по поскапа цена отколку според претходните долгорочни договори и преку посредници, објаснува австриката новинска агенција APA.

Австрија ја мачи и германскиот надометок за складирање гас во транзит, кој од јануари ќе биде повисок за 20 отсто и ќе изнесува 2,99 евра за мегават-час, покажуваат податоците на веб-страницата на германскиот оператор за складирање Trading Hub Europe (THE).

Тоа зголемување може да значи до седум отсто повисоки цени на енергијата за земји како Австрија и Чешка.

 

Чешка размислува за трошоците

Австрија проценува дека германскиот надоместок од 2022 година ја чинело повеќе од 50 милиони евра.

„Австриската влада мора да го зголеми притисокот врз Германија и да работи на негово укинување (на надоместокот)“, изјави на крајот од ноември шефот на стопанската комора, тврдејќи дека Берлин со ова наметнување ги прекршува прописите на Европската унија.

Чешкиот премиер Петр Фиала изјави дека не е среќен што се користи рускиот гас. Но, ние мора да се грижиме за трошоците, додаде тој.

„Факт е дека трговците во моментов користат поевтин гас од Русија и не сум среќен поради тоа“, напиша Фиала на платформата X.

Рускиот гас што пристигнува преку Украина и Словачка изнесува повеќе од 90 отсто од чешката набавка во ноември, со учество во четвртиот квартал од 77 отсто, во споредба со 38 отсто во периодот јули-септември, покажаа податоците од операторот за гасоводот „Net4Gas“.

Австрија се обиде да ја охрабри Германија да го забрза усвојувањето на амандманот во парламентот со кој ќе се укине надоместокот.

„Европа се натпреварува на глобалниот пазар и ние не можеме да си дозволиме такви регулативи на државно ниво“, рече на крајот на ноември Алфред Штерн, извршен директор на австриската комунална компанија ОМV.

Германија се согласи со законот да пропише за изземање, откако Австрија, Унгарија, Словачка и Чешка успешно поднесоа жалба до Европската комисија.

Брисел се согласува дека германскиот надоместок го нарушува внатрешниот пазар на ЕУ и дека им отежнува на членките да бараат нови извори на снабдување и намалени набавки од Русија, рече портпаролот на ЕК.

„Ја повикуваме Германија што поскоро да усвои закон за укинување на прекуграничниот елемент на данокот за складирање гас“, додаде портпаролот.

globe

Слични новости

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години