Трката за Големата награда на Кина ќе остане во календарот на Светскиот шампионат во Формула 1 најмалку до 2030 година, откако директорот на Ф1, Стефано Доменикали, објави дека е потпишан нов петгодишен договор со кинеските организатори.
Големата награда на Кина ќе остане во календарот на Формула 1, која сезонава се врати во Кина по петгодишно отсуство и 20 години по првата трка во Шангај, барем до 2030 година.
Кина ќе биде домаќин на втората трка од сезоната 2025., која ќе се вози помеѓу 21. и 23. март.
„Шангај е неверојатен град и патеката е прекрасен тест за нашите возачи, па воодушевен сум што Формула 1 ќе го продолжи успешното партнерство со Кинеското ГП во следните пет години“, рече Доменикали.
Слични новости
Германскиот Суперкуп ќе го носи името на Франц Бекенбауер
Германскиот фудбалски Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, соопшти синоќа германската фудбалска лига.
НБА: Лидерите на Истокот и Западот Кливленд и Оклахома продолжија со победи
Во западната конференција води Оклахома со 22 победи и 5 порази, додека на Истокот води Кливленд со 24 победи и 4 порази.
Далас без Дончиќ и Ирвинг преслаб за Клиперс, Јокиќ и Мареј не го спречија поразот на Денвер
Лос Анџелес, играјќи го првиот од двата последователни натпревари во Далас, на крајот од третата четвртина се одлепи со серија од 22:6 и до крајот не ја испушти таа предност