Чат Џи Пи Ти клучниот производ на компанијата за развој на вештачката интелигенција ОпенАИ, секоја недела го користат 300 милиони луѓе, изјави извршниот директор на компанијата Сем Алтман.
Станува збор за голем раст, затоа што во август проценките беа дека бројот на корисници на Чат Џи Пи Ти неделно тогаш беше околу 200 милиони корисници.
Според зборовите на Сем Алтман, корисниците ширум светот испраќаат повеќе од една милијарда налози на ден за Чат Џи Ти Пи.
ОпенАИ разгледува воведување на реклами за својот клучен производ за да стекне нови извори на приход во согласност со најавеното реструктуирање на фирмата која е ориентирана на профит.
Се очекува трошоците на Опен АИ годинава да надминат пет милијарди долари, а приходите ќе изнесуваат околу четири милијарди долари.
Слични новости
Во Германија откриени штетни состојки во чоколадите Дубаи
Во примероците на таканаречената Дубаиски чоколади, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг
Кинеските астронаути поставија светски рекорд во вселенска прошетка
За време на вселенската прошетка, кинеската мисија требаше да постави штитови на вселенската станица за да ја заштити од вселенски отпад и да прегледа различни инструменти
Повторно одложено враќањето на двајца астронаути на NASA на Земјата
Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајца астронаути на американската вселенска агенција NASA, кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти агенцијата