Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија, Калин Џорџеску изјави во средата дека доколку победи на изборите, ќе се спротивстави на тоа Украина да извезува житарки преку Романија, како и Букурешт да испраќа воена помош за Киев.

Уставниот суд на Романија во понеделникот ги потврди изненадувачките резултати од првиот круг на претседателските избори, со што се создаде можност за легитимно одржување на вториот круг на 8-ми декември што, кaко што се стравува во Брисел, може да ја наруши досегашната прозападна ориентација на Букурешт и да ја поткопа поддршката на земјата за Украина.

Поради ваквите стравувања беше издејствувано романскиот Уставен суд да одлучи, иако немаше никакви претставки со докази за лажирање на изборните резултати, дали ќе се повтори првиот круг од претседателските избори на кои фаворизираниот прозападен премиер.

„Како да се согласам со сето тоа, тоа е невозможно. Романија и романскиот народ се на прво место. Незамисливо е покрај нас да имаме војна сред Европа, така што приоритет секако ќе биде веднаш да се запре војната во Украина“, рече Џорџески кој изненадувачки поведе во првиот круг од претседателските избори.

Прашан дали ја поддржува обврската кон НАТО, Романија годишно да троши два отсто од својот буџет за одбрана, што е став на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, тој рече: „Ова е ултра секундарно, дури и не ме интересира“.

„Романскиот народ се грижи за тоа да биде среќен. Тие не можат да бидат среќни ако трошат пари на други работи. Ако НАТО е одбранбен сојуз, тогаш треба да остане таков. Верувам дека Романија нема обврска кон никого“, додаде Џорџеску.

Споменатата пресуда на на Уставниот суд ја отстрани неизвесноста што ја надвисна над Романија откако судот нареди повторно пребројување на гласовите минатата недела по победата на 24. ноември на помалку познатиот кандидат на крјаната десница Џорџеску, што предизвика сомневања за наводно надворешно мешање во изборниот процес на земја која со досегашната власт е цврст сојузник на Украина и важна база на НАТО кон Русија.

Во вториот круг на 8. декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, ќе се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони.

globe

Слични новости

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да бегам од државата и од оние што ѝ прават лошо на Србија

Додека сум жив, ќе живеам во Србија…. Се борев за Србија и ја претставував на најдобар можен начин. Ја подигнав до тие граници да не можат да ме надминат во она што го направив, вели меѓу другото српскиот претседател