Трошоците за изградба и опремување на нови капацитети ќе ги зголемат цените на американскиот течен природен гас (LNG) и ќе ѝ наштетат на неговата конкурентност на меѓународните пазари, предупредуваат аналитичарите на компанијата „Poten&Partners“.

Трошоците за изградба во САД растат, па затоа капацитетот на „Venture Global„ во Луизијана, кој би требало да извезува течен гас, го надмина буџетот за 2,3 милијарди долари, а „Golden Pass“ на „Exxon Mobilе“ и „QatarEnergy“ за повеќе од 2 милијарди долари.

Цените на гасот би можеле да достигнат шест долари за милион стандардни кубни стапки (28.317 кубни метри) поради зголемената побарувачка за извоз на LNG, можниот скок на потрошувачката на електрична енергија за 20 отсто и неопходните значителни инвестиции во инфраструктурата, рече во вторникот на конференијата Global LNG OutlookГ, шефот за деловни информации на „Poten&Partners“, Џејсон Фир.

„Имаме многу гас во САД, но не и башн многу навистина евтин гас“, рече Фир.

Одлуката на претседателот Џо Бајден да го суспендира издавањето дозволи за нови проекти за извоз на LNG најверојатно ќе биде од полза за сегашните извозници и цените веројатно ќе бидат повисоки на долг рок, проценува во „Poten&Partners“.

За компаниите кои предлагаат изградба на нови капацитети за извоз на LNG на брегот на Мексиканскиот залив, поголем ризик ќе биде потрагата по нови клиенти, според Фир.

Меѓу ризиците, тој ја издвојува кинеската анализа за ризиците што ги носи напуштањето на јагленот. Транзицијата на Кина кон LNG треба да ја зголеми побарувачката во следните десет години за пет проценти, забележува тој.

Пекинг не сака уште повеќе да се потпира на увозот на LNG од САД, а тие исто така стравуваат дека затворањето на електраните на јаглен ќе значи отпуштања за многу работници, ја објаснува аналитичарот прогнозата за послабата кинеска побарувачка.

Според неговата проценка, Европа многу веројатно повторно ќе почне да купува гас од Русија доколку во Украина завладее мир.

Трендот на цените на LNG поврзан со нафтата од марката Brent покажува пад на лондонскиот пазар на краток рок, а би можеле да се намалат уште повеќе. Аналитичарот на „Poten&Partners“ вели дека милион британски топлински единици сега чинат во просек 12 долари и цената треба да остане на тоа ниво во следните десет години.

globe

Слични новости

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години