Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека српското МВР со згрозување ги отфрла сите напади од Приштина за наводната вмешаност на Србија во нападот на каналот Ибар-Лепенец.

Министерството за внатрешни работи на Република Србија со згрозување ги отфрла сите напади од Приштина за наводна вмешаност на Србија во нападот на каналот Ибар-Лепенец. Тоа е дел од однапред смислен план да се нанесе меѓународна штета на Србија од една страна, како и да се користи како изговор за напад и малтретирање на Србите од друга страна“.

 

„Подготвени сме да и помогнеме на истрагата, но потсетуваме дека Приштина одбива секаква соработка со нас во борбата против криминалот и тероризмот, како што е наведено во меѓународните документи, со посредство на КФОР, УНМИК и ЕУЛЕКС.

-Во вакви ситуации секогаш се поставува прашањето за мотивот, затоа нападите од Приштина ја разобличија целта, а тоа е напад на Србија. Оти ​​зошто Србија би уривала нешто што самата го градела и финансирала, рече Дачиќ.

globe

Слични новости

Членовите на некогашното грчко кралско семејство побараа грчко државјанство

Членовите на некогашното грчко кралско семејство побараа грчко државјанство

Членовите на некогашното грчко кралевско семејство поднесоа барање за грчко државјанство и официјално го признаа републиканскиот систем на власта во таа земја, 50 години откако беше укината монархијата во Грција

Ден на жалост во Хрватска по нападот во училиштето

Ден на жалост во Хрватска по нападот во училиштето

Во Хрватска е Ден на жалост по трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко, во кој едно дете загина, а три други беа повредени, заедно со наставникот кој се обиде да го спречи 19-годишниот напаѓач

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Се бара максимални казни за родителите на малолетниот масовен убиец во училиштето во Белград

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, во петокот побара од судот максимална казна за родителите на момчето кое во мај 2023 година со пиштолот на неговиот татко во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет соученици и чувар а рани уште пет ученици и наставничката.