Скопјанка на 61-годишна возраст првпат стана мајка. Жената, чијшто идентите не е објавени, е највозрасната прворотка во државата која се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).

„Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски достигнувања говори и раѓањето на бебето Петар, кого на свет го донесе највозрасната проворотка во државата, 61-годишна пациентка. Бебето е родено со ин витро оплодување и со сопствена јајце клетка на мајката. Бременоста била следена во приватна ординација во земјава и се породи на ГАК“, изјави директорката на Клиниката д-р Ирена Алексиоска-Папестиев на денешната прес-конференција.

Како што кажа директорката на ГАК, пациентката била породена во 36. гестациска недела со царски рез со уреден оперативен тек. Се родило живо машко бебе тешко 2.350 грама и долго 48 санитиметри. И мајката и бебето се во одлична општа состојба и денеска се пуштени дома. Таа и 65-годишниот сопруг, 37 години се обидувале да станат родители.

„Мајката-херој, како што ја нарековме, е пациентка со исклучително тешко гинеколошко и акушерско минато со 10 инвитро интервенции и 10 спонтани абортуси. Во изминатите години пациентката имала и други 3 гинеколошки операции. Во текот на оваа бременост пациентката имала покачен крвен притисок и дијабет 2, но бременоста била уредна и контролирана. Им честитаме на родителите кои не се откажале од својот сон, не потклекнале на неуспесите, на притисоците од околината и на предрасудите со кои живееме. На Петар и неговите родители им посакуваме одлично здравје, безгрижно детство и долги години на радост минати заедно со семејството“, рече д-р Алексиоска-Папестиев.

Од ГАК информираат дека во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка и Афифа (61 година) исто така од Србија, која по 3 неуспешни ин витро интервенции забременила од четвртата. Во Европа највозрасна прворотка е Шпанка која станала мајка на 62 години, а во светот Индијка на 76 години.

globe

Слични новости

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење за убиството на сет на снимателка

Алек Болдвин поднесе тужба за злонамерно гонење за убиството на сет на снимателка

Американскиот глумец Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба поради наводно злонамерно судско гонење и кршење на неговите граѓански права во врска со обвиненијата за убиство на снимателка на снимањето на вестерн филмот “Раст“.

Актерката Џејми Ли Кертис ќе донира милион долари помош за погодените во пожарот во Лос Анџелес

Актерката Џејми Ли Кертис ќе донира милион долари помош за погодените во пожарот во Лос Анџелес

Актерката Џејми Ли Кертис, една од многуте познати личности кои мораа да побегнат од пожарот во Калифорнија, изјави дека нејзиното семејство ќе донира еден милион долари помош за погодените во пожарите.