Пресвртница на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна
Кешишев тврди дека едниот од обвинетите, Велибор Манев, им се заканувал и вршел притисок првично да каже дека Палевски е организатор и дека тој пукал. Според неговата нова изјава, само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.
На крајот од денешното рочиште на кое сведочеа тројца сведоци, судијата ја подели писмената изјава на Кешишев на адвокатите на сите обвинети. За оваа изјава не беше запознаен ниту адвокатот на Кешишев.
Адвокатите не ја коментираа изјавата, само рекоа дека сите обвинети ќе се соочат еден со друг во текот на судењето и дека тогаш ќе се расчисти работата.
Денеска сведочеше и Стефан Димковски, основач на партијата Десна и човек кој од Србија преку Бугарија, со кола го однел Палевски до Турција.
Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања.
„Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција.
„Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот.
Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, да не чекаат лет за Истанбул за утре, туку ако е одморен, да го префрли со кола до Истанбул“.
Палевски во Турција купил нова сим-картичка и изнајмил куќа за 3 месеци.
Пред да замине од Турција, Димовски забележал дека Палевски е вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски му кажал дека „го местат“.
Судењето продолжува в понеделник.
Слични новости
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатирата на Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО и ѝ честитал, најави соработка во интерес на државата
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека телефонски ѝ се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО и истакна дека Владата ја поддржала нејзината кандидатура
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
Прмиерот на Косово кажа дека во Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. И јас го тврдам тоа, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити одговарајќи на новинарско прашања во врска со реакцијата на ДУИ за изјавата на косовскиот премиер Албин Курти.
Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан.