Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters.

Трамп за време на претседателската кампања тврдеше дека брзо ќе стави крај на конфликтот во Украина, а во Белата куќа се враќа во време кога Русија бележи победи на бојното поле. Москва контролира дел од Украина со големина на американската сојузна држава Вирџинија.

Во првиот детален извештај за тоа на што ќе се согласи Путин во разговорите, петмина сегашни и поранешни руски функционери за Reuters изјавиле дека Кремљ може да се согласи да го замрзне конфликтот на сегашните борбени лини

 

Според три извора, Путин е отворен за преговори за попрецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон.

Москва ги смета овие региони целосно за своја територија, иако нејзините сили контролираат само меѓу 70 и 80 отсто од овие региони, што не ја спречи илегално да ги припои.

Русија е подготвена да се повлече од релативно мали делови од територијата во регионите Харков и Миколаев, тврдат два анонимни извора.

На почетокот на овој месец, Путин рече дека сите преговори за прекин на огнот мора да ја „рефлектираат“ ситуацијата на бојното поле, но тој е загрижен дека примирјето ќе биде краткотрајно и дека Западот ќе го искористи за ново вооружување на Украина.

„Ако нема неутралност, тешко е да се замисли одржување добрососедски односи меѓу Русија и Украина. Зошто? Затоа што тоа би значело дека Украина секогаш ќе се користи како алатка во погрешни раце, на штета на интересите на Русија“, рече Путин на форумот на дебатниот клуб во Валдаи на 7 ноември.

Два извора рекле дека одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да изврши ракетни напади со американски ракети долг дострел на руска територија ја загрозува и ја комплицира можноста за договор и дополнително ги вкоренува руските тврдокорни во нивните амбиции да освојат дополнителна територија.

Новиот шеф за комуникации на Трамп, Стивен Чеунг, изјави за Reuters за новиот претседател дека тој е „единствената личност која може да ги доведе двете страни на маса за да преговараат за мир, крај на војната и крај на убиствата“.

Републиканецот најави дека директно ќе разговара со Путин, но не откри како точно ќе постигне мир во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема да се согласи на прекин на огнот додека секој руски војник не ја напушти украинската територија, иако американските генерали рекоа дека тоа е многу амбициозна цел.

globe

Слични новости

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Значително јакнење на кинеско-бразилските односи

Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина

Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.