НАТО објави дека поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе стане нов заменик генерален секретар на воената алијанса.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври.

„Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша американската амбасадорка Анџела Агелер.

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски на својата фејсбук страница напиша дека нејзиниот избор „истовремено е и голем успех за нашата земја, потврда на нашата важна улога во НАТО алијансата“.

Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ. Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.

globe

Слични новости

Коцевски ги задолжил јавните обвинители да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела                                                                                                                         поврзани со корупцијата и се од особен јавен интерес

Коцевски ги задолжил јавните обвинители да дадат приоритет во постапувањето по предметите за кривични дела поврзани со корупцијата и се од особен јавен интерес

Јавното обвинителство на Северна Македонија денеска преку писмено соопштение информира дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи, а особено на ЈО во борбата против корупцијата.