Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија.
Се очекува овој Договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната.
Како дел од досегашната соработка ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во септември годинава одобри 13 милиони евра помош наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Македонија
Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата.
Како што соопшти Советот на ЕУ, овие средства ќе ги зајакнат македонските капацитети за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата, и таа помош дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на блокот со Македонија во областа на безбедноста и одбраната.
Слични новости
Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња, вели Агелер
Американската амбасадорка, Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња
Средба на Муцунски со постојаниот претставник на УНДП
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан
Се зголемува обемот на меѓуградски и меѓународен превоз, опаѓа градскиот и приградскиот
Вкупно 9 433 илјади патници биле превезени во патничкиот патен превоз во третото тримесечје од 2024 година, што е за 6.9 % помалку во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика