Германската Зелена партија на партиската конвенција во неделата во Визбаден го избра актуелниот министер за економија Роберт Хабек за главен кандидат на партијата за предвремените парламентарни избори во февруари.

„Сакам да преземам одговорност за граѓаните на Германија и доколку изборниот резултат го дозволи тоа како канцелар“, изјави Роберт Хабек пред членовите на конвенцијата.

Хабек, кој беше избран за главен кандидат на Зелените со 96,5 отсто од делегатите, предупреди на опасноста од формирање на т.н. големата коалиција меѓу моментално опозициската Христијанско-демократска унија CDU/CSU и моментално владејачките социјалдемократи SPD.

„Големата коалиција е симбол на стагнација и oпштествен застој“, изјави кој е министер за економија и енергетика во владата во заминување на социјалдемократот Олаф Шолц.

Хабек призна дека за време на неговиот мандат направил грешка со туркањето на законот за греење, што требаше да доведе до побрза транзиција кон обновливи извори на енергија.

„Тоа е правилен закон, но со многу грешки и јасно е дека како таков беше преголем залак за многу граѓани“, рече Хабек и призна дека овој закон доведе до губење на довербата на граѓаните.

На нивната партиска конвенција што започна во петокот, Зелените го потврдија дуото Франциска Брантнер и Феликс Банашак како партиски лидери.

Зелените се дел од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц, која се распадна откако Шолц на 6. ноември го отпушти министерот за финансии Кристијан Линднер од Либерално-демократската партија (FDP).

Предвремените парламентарни избори се закажани за 23. февруари. Според актуелните анкети на јавното мислење, партијата Зелени моментално ја поддржуваат меѓу 10 и 12 отсто од гласачите.

globe

Слични новости

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека евентуалното распоредување на странски „мировни сили“ во Украина би можело да се разговара на утрешниот состанок на европските челници во Брисел