Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по средбата со претставниците на Македонската банкарска асоцијација.
Во одговор на новинарско прашање во врска со засилените контроли на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за распределбата на земјоделското земјиште, Мицкоски рече дека се работи за една од стратешките определби на оваа Влада.
„Тоа е една од стратешките определби на оваа Влада и јас мислам дека во периодот којшто следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со тоа како се доделувало тоа земјоделско земјиште и од сега натаму тоа земјиште треба да оди онаму каде што е навистина е потребно, тоа е на земјоделците, а не на оние кои што земјоделието им е секундарна, терцијална или можеби и друг тип на работа и приоритет“, рече Мицкоски.
Слични новости
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.
Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата
Одреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на двете лица кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.