Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.
Известувачот Ваитз рече дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ.
Вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.
Вицепремиерот Фетаи го информираше Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.
Изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.
Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.
Слични новости
Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се докомплетира законската легислатива за воздухот
Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проектот со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитетот на воздухот со европските регулативи, објави Министерството за животна средина и просторно планирање
Симулациска вежба за сајбер напад, заради поголема дигитална безбедност на институциите
Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан“, организираше напредна симулациска вежба базирана на сценарио за сајбер напад. Овој настан има за цел да ја зголеми свеста за сајбер заканите и да го зајакне капацитетот на Владата за управување со сајбер кризи
Ратификувана Спогодбата со ЕУ за Инструментот за реформи и раст, утре ќе се носат измените на законот за инспекциски надзор
Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка, сега треба да се одржи амандманска расправа на Комисијата за политички систем и и да биде разгледан на Законодавно-правната комисија