Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.
Заменик министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека досега се префрлени 76 пациенти на лекување во странство. Последни ноќеска биле префрлени двајца во Хрватска, двајца во Словенија и двајца во Австрија, додека тројца биле транспортирани во Атина.
Планирано е уште пациенти да се транспортираат во странство : во Австрија, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.
Во Македонија се пристигнати доктори специјалисти од неколку земји: Израел, Србија, Чешка и Белгија.

Министрите за здравство и надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски денеска се во посета на повредените во двете болници во Солун, а планирано е да ги посетат и повредените кои се лекуваат во Софија.
По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.
Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“, рече Муцунски.
Додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

Слични новости
Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство од пожарот во Кочани
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани.
Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома, рече Таравари.
Во притвор 17 лица, уапсен и потписникот на проектот дека дискотеката во Кочани исполнува услови за лиценца
Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.