Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека досега се префрлени 76 пациенти на лекување во странство. Последни ноќеска биле префрлени двајца во Хрватска, двајца во Словенија и двајца во Австрија, додека тројца биле транспортирани во Атина.

Планирано е уште пациенти да се транспортираат во странство : во Австрија, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.

Во Македонија се пристигнати доктори специјалисти од неколку земји: Израел, Србија, Чешка и Белгија.

Министрите за здравство и надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски денеска се во посета на повредените во двете болници во Солун, а планирано е да ги посетат и повредените кои се лекуваат во Софија.

По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.

Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“, рече Муцунски.

Додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

 

Слични новости

За пожарот во Кочани досега се осомничени 34 лица, најавена обемна истражна постапка

За пожарот во Кочани досега се осомничени 34 лица, најавена обемна истражна постапка

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители

Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки 

Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки 

Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи и што повеќе сојузници, кои не се членки на Унијата, порача заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќање пред Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент (СЕДЕ)

Тошковски најави измени во легислативата со забрана на употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Тошковски најави измени во легислативата со забрана на употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Владата има намера целосно да забрани употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Службите во рамки на МВР се задолжени да изготват документација со која би се направиле измени на легислативата што го уредува тоа прашање.