Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.
Заменик министерот за здравство Јовица Андовски изјави дека досега се префрлени 76 пациенти на лекување во странство. Последни ноќеска биле префрлени двајца во Хрватска, двајца во Словенија и двајца во Австрија, додека тројца биле транспортирани во Атина.
Планирано е уште пациенти да се транспортираат во странство : во Австрија, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.
Во Македонија се пристигнати доктори специјалисти од неколку земји: Израел, Србија, Чешка и Белгија.

Министрите за здравство и надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски денеска се во посета на повредените во двете болници во Солун, а планирано е да ги посетат и повредените кои се лекуваат во Софија.
По посетата на болницата Папаниколау, во изјава за грчките медиуми, шефот на дипломатијата истакна дека од она што биле информирани, „пациентите се во сериозна, но стабилна состојба“.
Она што го видовме и посведочивме утрово е прекрасна медицинска помош. Ќе го цитирам она што ни го кажа главниот доктор кој се грижи за овие пациенти: „Вашите деца се наши деца“, рече Муцунски.
Додаде дека некои од родителите барале во нивно име да изрази благодарност до докторите и до медицинскиот персонал за грижата што ја добиваат нивните деца, а паралелно упати благодарност и до Грција и грчкиот народ во името на нашата земја и народот.

Слични новости
Трамп и Путин се договорија за ограничен 30-дневен прекин на огнот
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се согласија на ограничен 30-дневен прекин на огнот против цели на украинската енергетска инфраструктура, додека разговорите за поширок мировен план ќе започнат „веднаш“, соопшти Белата куќа
Владата на седница ќе ја потврди Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе се транспортираат во странство
За час и половина Владата ќе одржи седница на која ќе биде потврдена Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе бидат згрижени во болници надвор од државава, ифнормира денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“
Осумте пациенти кои од Македонија вчера пристигнаа во Србија се во критична состојба
Oсумте пациенти кои вчера пристигнаа во Србија имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, а троцја од нив се интубирани“, изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.