Еврејска заедница во Република Македонија и Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ја одбележуваат 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор Треблинка за време на Холокаустот.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска на комеморацијата посветена на Холокаустот на македонските Евреи. Таа им оддаде почит на жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта Треблинка во 1943 година.
Ден претходно, собраниска делегација предводена од потпретседателката на Собрание на Северна Македонија, Весна Бендевска, положи цвеќе на Споменикот на жртвите на холокаустот „Камена Менора“ и на споменикот на Естреја Овадија-Мара во Битола.
Евреите од Битола, Штип и Скопје ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле собрани во скопскиот Монопол, од каде во три наврати биле депортирани во логорот Треблинка во окупирана Полска.
Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил.
Слични новости
Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ
Според податоците од Статистичкиот годишник за 2025 година на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век за периодот 2022-2024 во Македонија е 76,63 години
Обвинение против екс правобранителот Фехми Стафа
Јвен обвинител поднесе обвинителен акт против Стафа за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание,.
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.


