Во НБА лига во саботата Лос Анџелес Клиперс забележаа убедлива победа на гости, победувајќи го Шарлот Хорнетс со 131:116.
Двата тима влегоа во натпреварот со ист скор, со четири победи и 11 порази. Клубот од Лос Анџелес стигна до својата петта победа, најмногу благодарение на разиграниот Џејмс Харден, кој го заврши натпреварот со 55 поени. По само 20 минути игра, Харден веќе беше на над 30 поени.
Дополнително, Харден имаше седум асистенции и шутираше одлично 10 од 16 за три поена. Вкупниот шут на Харден беше 17 од 26.
Хрватскиот центар Ивица Зубац бепе втор најдобар стрелец кај Клиперс со 18 поени со шут 9 од 12 од поле за 30 минути на паркетот, на што додаде, шест асистенции и девет скока.
Кон Кнуепел го предводеше домашниот тим со 26 поени, додека Ламело Бол имаше 18 поени, седум асистенции и четири скока.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


