Пред точно половина век, есента во 1975 британската рок група „Queen“ го објави својот четврти студиски албум A night at the Opera, a шестминутната необична композиција „Bohemian rhapsody“ беше избрана за водечки сингл на албумот.

Фронтемнот на бендот и водечкиот локал Фреди Меркјури кој е автор на песната ја опиша како Mock opera, своевидна лажна опера-пародија која настана со спојување на три одвоени композиции кои ги напиша во различни фази.

По својата форма песната беше храбар експеримент, кој отпрвин радио станиците одбиваа воопшто да го емитуваат, за подоцна да стане една од најзначајните песни во историјата на рок музиката.

Текстот на песната беше во спротивност на сето она што обично го чини поп наративот-наместо љубовна приказна во него се спомнуваат убиство, вина, нихилизам и егзистенцијален страв,сетоа тоа запакувано во фантазија која делува интимно и универзално.  

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година