Алатки за генерирана вештачка интелеганција во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.
Меѓу земјите во регионот , ВИ користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херецеговина, 58,2 во Хрватска, 50 во Бугарија и 47 отсто во Србија.
Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во Естонија (82,8%) и во Чешка (78,5%). Најнизок процент е забележан во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


