Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од пожарот што избувна на новогодишната ноќ во барот „Констеласион“ во одморалиштето Кран-Монтана, а меѓу нив има 20 малолетници.

Меѓу загинатите има 21 државјанин на Швајцарија, едно лице со двојно швајцарско-француско државјанство и 19 странци на возраст од 14 до 39 години, најмногу малолетни, соопшти синоќа полицијата на кантонот Вале.

Меѓу странците има осум Французи, меѓу кои и 15-годишно девојче со француско-израелско-британско државјанство, шест Италијанци, една Белгијка, една Португалка, еден Романец, еден Турчин и еден Србин со двојно швајцарско-српско државјанство, пренесе швајцарскиот весник „Темп“.

Според податоците објавени од федералните швајцарски власти, 35 пациенти со тешки изгореници се префрлени во болници во Франција, Белгија, Германија и Италија.

Италијанските власти вчера соопштија дека телата на петмина од шесте починати Италијанци денеска ќе бидат вратени во земјата.

 

Слични новости