МВП-то на НБА, српскиот центар Никола Јокиќ, утринава постигна нов личен рекорд по бројот на аситенции, откако асистираше дури 19 пати на своите соиграчи во победата на Денвер врз Индијана 125:116. Јокиќ имаше и 18 поени и 8 скокови.

Најефикасен кај Денвер беше Арон Гордон со 25 коша, а Макл Портер постигна 19. Кај Индијана, Мајлс Тарнер постигна 23 коша, а Тајрис Халибартон 19 коша и 15 асистенции.

Во дербито на Западната конференција Минесота го победи водечкиот тим на Оклахома 131:128 по продолжение и успеа да се врати од 25 коша дефицит. Во победничкиот тим најефикасен беше Џејден МекДениелс со 27 коша, а кај ОКлахома првиот стрелец на НБА Шеи Гилџес Александар кој постигна 39 поени.  

Слични новости

Кари прв во НБА до 4.000 „тројки“

Кари прв во НБА до 4.000 „тројки“

Голден Стејт Вориорс на домашен терен во Сан Франциско ги совладаа Сакраменто со 130:104 и го забележаа шестиот последователен триумф