Министрите за финансии на ЕУ ја разгледуваат можноста за воведување данок на екстрапрофит на енергетските компании во целата ЕУ поради скокот на цените на гасот и нафтата.

Даноците се однесуваат на компаниите кои остваруваат огромни добивки поради наглиот скок на цената на нафтата и гасот по затварањето на Ормутскиот теснец.

Дебатата е отворена во август кога министрите за финансии на Германија, Шпанија, Португалија, Италија, Полска и Австрија предупредија дека потрошувачите се соочуваат со еден од најголемите шокови во снабдувањето со нафта во последните децении, што го поттикнува незадоволството кај граѓаните поради растот на трошоците за живот.

Не се очекува ЕУ да го воведе екстра данокот пред октомври.

Слични новости

Нафтата Брент надмина 104 долари, индексите во пад поради страв од нова ескалација на Блискиот исток

Нафтата Брент надмина 104 долари, индексите во пад поради страв од нова ескалација на Блискиот исток

Според податоците од берзата референтната нафта Брентденеска поскапе за 3,72 насто на повеќе од 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ поскапе за 3,71 насто на 91,5 долари за барел.