Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул.

Од 29 играчи, властите се сомневаат дека 27 се обложувале на натпревари во кои учествувал нивниот тим, соопшти обвинителството.

 

Меѓу нив е и Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, актуелниот трикратен турски шампион, а обвинителството не ги откри идентитетите на другите 26 вклучени играчи.

Мерт Хакан Јандаш, играч на Фенербахче, друг голем клуб од Истанбул, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.

Обвинителството, кое соопшти дека досега се уапсени 35 од 46 барани лица, исто така, нареди апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат врз исходот“ на натпревар меѓу нив во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата на обвинителството во Истанбул, која го тресе турскиот фудбал, веќе доведе до затворање на шест судии и претседателот на Ејупспор, клуб од првата лига, на почетокот од ноември.

Турската фудбалска федерација (ТFF), која предупреди дека сака да го „исчисти“ турскиот фудбал, суспендираше речиси 150 фудбалски судии неколку дена претходно откако беа прогласени за виновни за обложување на натпревари.

Дваесет ипет играчи од првата лига и речиси 1.000 други кои играат во втората, третата и четвртата лига, исто така, добија суспензии до дванаесет месеци во ноември.

globe

Слични новости

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0