Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се дискутираше на денешната средба на министрите за образование и наука и за дигитална трансформација, Весна Јаневска и Стефан Андоновски со еврокомесарката за стартапи, истражувања и иновации Екатерина Захариева и директорката на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, Сабине Хенцлер.
Како што информираат од МОН, средбата се одржала во рамки на министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан во Подгорица, Црна Гора, а македонските министри потенцирале дека државата се фокусира на развој на науката и иновациите, создавајќи повеќе можности за научниците и истражувачите.
[Вложувањата во науката и иновациите, примената на вештачката интелигенција за научно – истражувачки цели и можностите за зголемување на европската поддршка за Македонија, беа темите за кои се]
„Со значително зголемен буџет на државата за оваа намена, годинава поттикната е реализацијата на бројни научно – истражувачки проекти од јавен интерес, кои се во корелација со целите на Националната стратегија за паметна специјализација, а со поголема поддршка од Европската унија интензивирано е и учеството на македонскиот научно – истражувачки потенцијал во Европската истражувачка област (ЕРА), како и во Европската мрежа за соработка во областа на истражувањето и технологијата (COST) и Хоризонт програмата преку која со 13 милиони евра финансирани се 81 проект од нашата земја“, велат од МОН.
На средбата било посочено дека Македонија ги следи глобалните трендови поврзани со примената на вештачката интелигенција, а ВИ алатките наоѓаат сè поголема примена и на македонскиот научно – истражувачки простор.
Захариева и Хенцлер ја поздравиле иницијативата на Владата за основање на првиот научно – технолошки парк под надлежност на државата и истакнаа дека соработката помеѓу Македонија и Европската унија се развива во добра насока.
Слични новости
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани


